
Си-Ен-Ен ексклузивно објави дека рускиот претседател Владимир Путин му го подарил на својот американски колега Доналд Трамп, портрет насликан од рускиот уметник Никас Сафронов.
Во март, американскиот специјален пратеник Стивен Виткоф, по посетата на Москва соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин му дал на претседателот Доналд Трамп „убав портрет“ на американскиот лидер од „истакнат руски уметник“.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека станува збор за личен подарок, не нудејќи повеќе детали.
Сликата ја насликал Никас Сафронов, кој вели дека не зел пари бидејќи веднаш ја сфатил улогата на тој портрет во зближувањето на САД и Русија.