Skip to main content

Кој е Торбјорн Торнквист, новиот газда на Лукоил: Два пати се женел, сака луксуз и јахти

Торбјорн Торнквист, новиот газда на Лукоил е роден во 1953 година во Стокхолм и дипломирал бизнис економија на Универзитетот во Стокхолм. Ја почнал својата кариера во Бритиш Петролеум од 1977 до 1983 година, а потоа станал директор за трговија со нафта во Скандинавската трговска компанија АБ.

Кон крајот на 1990-тите, заедно со својот руски партнер Генадиј Тимченко, ја основал групацијата Гунвор, која станала глобален играч во трговијата со нафта.

Луксуз и хоби – море, брзи јахти и регати

Торнквист е голем обожавател на едрењето – тој стои зад тимот „Артемис Рејсинг“, кој се натпреварувал на најелитните регати како што е Купот на Америка. Според изворите, тој поседува луксузна јахта и голем бродски бизнис, а за своето хоби рекол: „Го сакам едрењето и предизвиците“.

Покрај тоа, тој ужива во автомобилите – во едно интервју споменал дека неговиот омилен модел е Астон Мартин ВанквишС затоа што „кога седите во Астон Мартин – не можете да погрешите“.

Приватен живот и промени

Торнквист со години водел многу дискретен живот. Живее во Женева (Швајцарија) и ретко се појавува во јавноста. Има два брака. Неговиот прв брак бил со Ева Биргита, а потоа се оженил со Наталија.

Поврзани вести