Skip to main content

Кој е новиот ајатолах за кого Иранците тврдат дека е ранет

По смртта на својот татко, Моџтаба Хамнеи е назначен за нов врховен лидер на Иран од Советот на експерти. Со тоа, 56-годишниот син на покојниот лидер Али Хамнеи ја презема најмоќната функција во државата во време на силни тензии со Соединетите Американски Држави и Израел.

Иако никогаш не извршувал официјална владина функција, Моџтаба Хамнеи со години се сметал за „моќник зад сцената“ во иранската политика. Тој учествувал во Иранско-ирачката војна како член на Револуционерната гарда и подоцна работел во кабинетот на својот татко, градејќи силно влијание во политичкиот систем.

Како врховен лидер, Хамнеи ќе ја контролира иранската војска и клучните државни одлуки, вклучувајќи ја и нуклеарната програма.

Според истражувањето на Блумберг, тој исто така изградил мрежа на тајни инвестиции во недвижности преку фиктивни компании во Лондон, Франкфурт и Дубаи.

Поврзани вести