Skip to main content

Канадската влада разочарана од одлуката на Трамп да воведе царини од 35 проценти

фото: Facebook/ Donald J. Trump
фото: Facebook/ Donald J. Trump

Канадската влада е разочарана од најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемување на царините на 35 проценти за канадскиот извоз што не е опфатен со Договорот Канада-САД-Мексико (КУСМА), изјави денеска премиерот Марк Карни.

Иако канадската влада е разочарана од оваа акција, ние остануваме посветени на КУСМА, што е втор најголем договор за слободна трговија во светот според обемот на трговијата, напиша тој на неговиот „X“ профил.

КУСМА е договор за слободна трговија меѓу Канада, САД и Мексико, кој стапи на сила на 1 јули 2020 година и го замени Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА).

Тарифите на САД, додаде тој, ќе ги погодат силно канадските сектори како што се автомобилската индустрија, преработката на дрво, челикот и алуминиумот.

Канадската влада ќе дејствува за да ги заштити работните места, да инвестира во нашата индустриска конкурентност, да купува канадски стоки и да ги диверзифицира нашите извозни пазари, напиша тој.

САД ја оправдуваат својата одлука со наводниот неуспех на Канада да го спречи шверцот со фентанил.

Канадската влада прави историски инвестиции во граничната безбедност за апсење на трговци со дрога, разбивање на транснационални банди и ставање крај на шверцот со мигранти. Ова вклучува илјадници нови гранични службеници, воздушно набљудување, разузнавачки и безбедносни операции и најсилното гранично законодавство во нашата историја. Ќе продолжиме да соработуваме со САД за да го запреме злото на фентанилот и да спасиме животи во двете наши земји – рече Карни.

Поврзани вести