
Во Украина, во дом на украински војник се пронајдени 549 камикази дронови коишто тој се обидувал да ги продаде на црниот пазар.

Според информациите од украинските безбедносни служби, кај војникот се пронајдени и 80 килограми експлозив, 2,5 илјади електрични детонатори и 74 илјади долари.

Тој бил уапсен кога се обидел да продаде два митралеза за 175 илјади гривни (3400 евра). Сега се соочува со 7-годишна затворска казна.

Македонски



