Суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јеол нема да присуствува на првото официјално сослушување во судскиот процес за негово отповикување, поради страв за неговата безбедност, објави неговиот адвокат.
Адвокатот ова го соопшти во пресрет на рочиштето на кое во вторник треба да бидат изнесени аргументите за импичмент на Јун, јави агенцијата Јонхап.
Истовремено, истражителите сакаат да го приведат отповикуваниот претседател на сослушување во посебен случај поврзан со неговиот краток обид да воведе воена состојба во земјата.
Адвокатот на претседателот изјави дека во тек се обиди за негово незаконско апсење и дека стравува за неговата лична безбедност, додавајќи дека прашањето мора да се реши за суспендираниот шеф на државата да може да се појави пред судот.
Јужнокорејската полиција веќе се обиде да го уапси Јун, но се откажала по судир со неговото обезбедување.