
Јужна Кореја бара „мировна декларација“ за формално завршување на Корејската војна. Официјален Сеул вели дека предложената изјава би покажала политичка волја да се оди подалеку од примирјето од 1953 година и да се почне со поставување на темелите за трајна мировна рамка на Корејскиот Полуостров.
Според локалните медиуми, Министерството за обединување на Јужна Кореја соопштило дека ќе продолжи со оваа политичка декларација како дел од пошироките напори за воспоставување трајна мировна состојба.
Иницијативата би ги вклучила Јужна Кореја, Cеверна Кореја, САД и Кина, истите страни што го потпишаа оригиналниот договор за примирје.
Предлогот е сличен на претходниот напор под водство на поранешниот јужнокорејски претседател Мун Џе-ин. Тој обид изгуби моментум откако самитот во Ханој во 2019 година меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и тогашниот американски претседател Доналд Трамп заврши без договор.

Македонски

