Skip to main content

Израелските власти тврдат дека го убиле иранскиот министер за разузнавање Есмаил Хатиб

Израел ги нападна централните делови на Бејрут и тврди дека ноќеска го убил иранскиот министер за разузнавање, Есмаил Хатиб убиен во напад, велат од израелското Министерство за одбрана, пренесува „Гардијан“.  Информацијата ја потврди израелскиот министер за одбрана, Израел Кац.

На овој ден се очекуваат значајни изненадувања на сите арени кои ќе ја ескалираат војната што ја водиме против Иран и Хезболах во Либан. Интензитетот на нападите во Иран се зголемува. Иранскиот министер за разузнавање Хатиб исто така беше елиминиран ноќеска“, рече Кац за време на брифинг со воени претставници.

Кац кажа дека израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, ја дал согласноста на армијата „да го убие секој висок ирански функционер без потреба од дополнително одобрување“.

Ова се случува ден по потврдата од Иран за смртта на својот шеф за безбедност, Али Лариџани, и командантот на силите Басиџ, Голамреза Солемани.

Поврзани вести