Skip to main content

Израел соопшти дека извршил воздушни напади врз позиции на иранските паравоени формации Басаџ во Техеран

Израелската армија денеска соопшти дека извршила напади врз позиции во Техеран за кои смета дека се под контрола на паравоените единици Басиџ.

Припадниците на Басиџ се вооружени сили под контрола на Ирачката револуционарна гарда, честопати ангажирани за задушивање внатрешни немири во Иран.

Во армиското соопштение од Тел Авив се посочува дека неодамна армиското разузнавање утврдило поставени контролни пунктови на Басиџ на улиците на Техеран.

„По идентификувањето на силите и нивниот распоред, израелското воено воздухопловство во текот на вчерашниот ден изврши напади врз контролни пунктови и припадници на Басиџ“, се наведува во соопштението во кое уште се истакнува дека токму силите на Басиџ ги предводеле главните акции на иранскиот режим за задушување на протестите во земјата, притоа користејќи „брутално насилство, масовни апсења и сила против цивилни демонстранти“.

Израел и САД на 28 февруари започнаа кампања напади врз Иран, при што уште првиот ден беше убиен врховниот верски водач Али Хаменеи.

Вашингтон и Тел Авив ги повикаа Иранците на востание и на соборување на верските власти во земјата.

Многу Иранци посакуваат промени, дел од нив јавно ја прославија смртта на Хамнеи откако неговите сили во јануари убија илјадници антивладини демонстранти. Сепак, засега нема знаци на организиран отпор во земјата ниту индикации дека иранските власти имаат намера да ја предадат власта.

Поврзани вести