Skip to main content

Израел не сака да има турски војници во евентуален мировен контингент во земјата

Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Саар, ја отфрли можноста турски вооружени сили да влезат во Појасот Газа како дел од мировен контингент.

Земјите што сакаат да испратат вооружени сили како дел од мировен контингент треба да бидат фер кон Израел. Тие не треба да бидат непријателски настроени кон Израел“, порача Саар.

Израелскиот министер порача дека Турција, под претседателот Реџеп Таип Ердоган, зазела непријателски став кон Израел, не само со зборови, туку и со дипломатски и економски акции.

Поврзани вести