Skip to main content

Иран ќе наплаќа бродарини во Ормускиот Теснец, а на бродовите на ЕУ ќе им биде забрането да минуваат

weeksymate from pixabay

Нацрт-законот со клој се предвдидува надомест за премин за сите бродови во Ормускиот Теснец помина во парламентот на Иран. Членот на комитетот Моџтаба Сари изјави дека законот ќе оди на дебата и гласање во парламентот.

Според Сари, и бродови од Европската Унија ќе бидат опфатени. Ова ја проширува мерката надвор од билатерален судир и ја претвора во поширок економски сигнал кон Западот.

Таксите ќе се наплаќаат во ирански ријал. Со тоа Техеран се обидува да ја зајакне домашната валута и истовремено да го намали влијанието на американските санкции врз финансиските текови.

Воедно законот отвора можност за забрана на транзит за САД, Израел и земјите што воведоа санкции кон Иран, што претставува директен одговор на долгорочниот притисок врз Техеран.

Ормускиот Теснец останува една од најважните точки за транспорт на нафта во светот. Петтина од целата нафта поминува низ оваа точка од Персискиот Залив.

Американскиот претседател Доналд Трамп побара Техеран целосно да ја отвори теснината и постојано се заканува со последици ако тоа не се случи.

Од друга страна, „Волстрит Џурнал“ во нова анализа напиша дека Трамп би ја завршил војната и без отворање на Теснецот.

Нападите од двете страни продолжуваат додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека САД и Израел „поминале половина од патот“.

Поврзани вести