Skip to main content

Иран дозволи премин на кинески бродови низ Ормутскиот Теснец

Иранската новинска агенција „Фарс“ соопшти дека Иран им дозволил на одредени кинески бродови премин преку Ормутска Теснина откако со Кина беше постигнат договор за иранските правила за управување со мореузот.

Неименуван извор за „Фарс“ вели дека одлуката е донесена на барањето на шефот на кинеската дипломатија и кинескиот амбасадор во Техеран да се олесни преминот на кинеските бродови низ Ормутската Теснина во согласност со стратешкото партнерство помеѓу Иран и Кина.

Иран значително го ограничи сообраќајот низ Ормутскиот Теснец откако почнаа нападите на САД и Израел на 28 февруари. Блокадата на иранските пристаништа од страна на САД, воведена неколку дена по договорениот прекин на огнот на почетокот на април, ја зголеми кризата со енергенсите.

Податоците за следење на бродовите покажуваат дека кинески супертанкер што превезувал два милиони барели ирачка сурова нафта, вчера поминал низ Ормутската Теснина, откако беше блокиран во Персиски Залив повеќе од два месеци поради војната на САД против Иран. 

Поврзани вести