Skip to main content

Инаугуриран новиот претседател на Грузија, досегашната претседателка не сака да си замине

 Во Грузија е инаугуриран Михаил Кавелашвили лојалист на владејачката партија за претседател. Поранешниот фудбалер положи заклетва на парламентарна церемонија неколку моменти откако претседателката во заминување Саломе Зурабишвили најави дека ќе се бори против партијата Грузиски сон што го контролира Парламентот.

Зурабишвили изјави дека е „единствениот легитимен претседател на земјата“, одбивајќи да се повлече бидејќи нејзиниот мандат заврши денеска со инаугурацијата на спорниот наследник.

Останувам единствениот легитимен претседател. Ќе ја напуштам претседателската палата и ќе застанам со вас носејќи го со себе легитимитетот, знамето и вашата доверба“, им рече таа на демонстранти.

Во Тбилиси има демонстрации против изборот на Кавелашвили за претседтаел на државата. 

Поврзани вести