Skip to main content

Израел објави мапа и испрати порака: Операцијата штотуку почна

По два брана израелски напади врз Иран и едно возвраќање на нападите од таа земја, Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија мапа на напади со беспилотни летала досега.

Израелските воздухопловни сили продолжуваат со нападите врз Иран, изјави портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Во овој момент, Израелските одбранбени сили (ИДФ) продолжуваат да го спроведуваат планот за напад за да ги постигнат целите на операцијата, додека силно го бранат Израел“, рече бригадниот генерал Ефи Дефрин, на прес-конференција, а пренесе „Тајмс оф Израел“.

На прашањето колку дена Израел очекува балистичка ракетна активност од Иран, Дефрин одговори:

Операцијата штотуку поча“, додавајќи дека војската ги следи иранските планови и „се подготвува за ирански одговор“.

Во меѓувреме, сателитските снимки наводно покажуваат значителна штета на нуклеарниот погон Натанц.

Поврзани вести