Skip to main content

Хезболах не се загрижи поради санкциите од САД, порача дека ќе продолжи со отпорот

hezbolah - خٌ‌في‌الله on Unsplash

Хезболах соопшти дека ќе продолжи со својот отпор против Израел и покрај новите санкции што САД ги воведоа врз либанското движење.

Министерството за финансии на САД го смени статусот на Хезболах во американското законодавство и ја означи организацијата дека „дејствува во служба на иранскиот режим“.

Во 1997 година Вашингтон го прогласи Хезболах за „странска терористичка организација“, а во 2001 година – „меѓународна терористичка организација“.

Санкциите објавени вчера се насочени кон десет лица кои се дел од мрежата за пренос на средства на Хезболах и кои веќе неколку пати биле санкционирани од САД.

Сите овие неправедни санкции и класификации нема да не оттргнат од патот на отпорот и борбата за правото на Либан и Либанците да ја бранат својата територија, својот суверенитет и своите ресурси“, се вели во соопштението на Хезболах.

Поврзани вести