Skip to main content

Глобалните цени на алуминиумот скокнаа на највисоко ниво од 2022 година

russian-aluminium-association-from-pixabay

Цените на алуминиумот на Лондонската берза за метали се зголемија за 1,6% во понеделник, достигнувајќи 3.499,50 долари за тон. Ова е највисоко ниво од април 2022 година, наведува „Блумберг“.

Причината за наглото зголемување на цените е прекинот во снабдувањето со алуминиум од Блискиот Исток, вклучувајќи ги и двете големи топилници во Катар и Бахреин. Генерално, регионот учествува со 9% од глобалните залихи на алуминиум. Истовремено, повисоките цени на енергијата значат повисоки цени на производството

Кина е најголемиот производител на алуминиум во светот, но поголемиот дел од тоа производство се користи во Кина. Русија е втор најголем производител, при што добар дел од тоа производство се извезува, што ја прави втор најголем извозник во светот.

Поврзани вести