Skip to main content

Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска

Facebook/Friedrich Merz

Германскиот канцелар Фридрих Мерц им се придружи на другите европски лидери во осудата на упадот на руски дронови во полскиот воздушен простор, што означува сериозна ескалација на односите меѓу Москва и НАТО, објави ДПА.

Русија загрози човечки животи во земја која е дел од НАТО и ЕУ, рече Мерц во Берлин.

Тој ги опиша синоќешните настани како неодговорен чин кој е дел од долга низа провокации во регионот на Балтичкото Море и на источното крило на НАТО.

Германската влада го осудува агресивното однесување на Русија најостро, нагласи Мерц.

Тој рече дека Варшава утрово ги информирала своите сојузници од НАТО за упадот на вооружени руски дронови во нејзиниот воздушен простор.

Добро е што Полска, заедно со своите сојузници од НАТО, успеа навреме да ја препознае оваа опасност и да ја елиминира, рече Мерц, додавајќи дека алијансата е и ќе остане подготвена да се брани.

Поврзани вести