
Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека Берлин ги укина ограничувањата на Украина за употреба на оружје со долг дострел.
Велика Британија, Франција, САД, а сега и Германија, ги укинаа ограничувањата за дострелот на нивното оружје испорачано во Украина, што значи дека Киев сега може да напаѓа позиции на руска територија со оружје со долг дострел, посочи Мерц.
Тој додаде дека сега Украина треба да се снабди со оружје какво што ѝ е потребно.