Skip to main content

ФК Кожуф: Ги отфрламе обвинувањата кон клубот и играчите

 Фудбалскиот клуб Кожуф преку соопштение на социјалните мрежи ги отфрли обвинувањата по повод натпреварот против Башкими, кој го доби кумановскиот тим со 1-2. 

Од снимките се гледа сомнително однесување на домашните играчи при вториот гол на гостите при резултат 1-1.

-Во рамките на 28-коло од ВМФЛ на градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими кој заврши со резултат 1:2. По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим. Во овој момент ги отфрламе обвинувањата кон ФК Кожуф и играчите. Доколку истрагата од надлежните органи утврди нерегуларности на овој натпревар виновниците нека бидат најстрого казнети!“,споделија од Кожуф

Поврзани вести