Skip to main content

Финскиот претседател со порака до Трамп: Се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа презема одговорност

Facebook / Alexander Stubb

Претседателот на Финска, Александар Стаб во телефонски разговор со американскиот колега Доналд Трамп изјавил дека се формира „поевропско НАТО“ во кое Европа „презема одговорност“, соопшти кабинетот на финскиот претседател.

Разговорот се одржал истиот ден кога Трамп за „Ројтерс“ изјави дека размислува за повлекување на САД од НАТО.

Стаб, на социјалните мрежи, го опиша разговорот како конструктивен.

Конструктивна дискусија и размена на мислења за НАТО, Украина и Иран. Постојат проблеми што треба да се решат прагматично“, наведе Стаб на социјалните мрежи.

Во соопштението од неговиот кабинет се додава дека темата за „поевропско НАТО“ ќе биде на дневен ред на самитот на НАТО што треба да се одржи на 7 и 8 јули во Анкара. 

Поврзани вести