Skip to main content

„Фајненшл тајмс“: Русија има насочено ракети кон Јужна Кореја и Јапонија

Русија има изработено план со кој се насочуваат проектили кон Јапонија и Јужна Кореја, пишува „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

Како што пишува весникот, протечени воени досиеја покажуваат детални планови за напади врз цивилната инфраструктура на овие земји во случај на војна.

Во написот се тврди дека Руската Федерација подготвила листа од 160 цели, вклучувајќи нуклеарни централи и други инфраструктурни објекти. Весникот се повикува на наводни на документи од 2013-2014 година земени од тајни воени досиеја. Забележано е дека тие сè уште се релевантни за стратегијата на Руската Федерација.

Руските воени планери стравуваат дека источните граници на земјата ќе бидат изложени во каква било војна со НАТО и ранливи на напади од Американците и нивните регионални сојузници“, пишува ФТ.

Значајни сили на американската армија се концентрирани во Јапонија и Јужна Кореја. По почетокот на војната во Украина, Токио, Сеул и Вашингтон создадоа воен блок сличен на НАТО за да се спротивстават на Руската Федерација и Кина. Неодамна Американците најавија планови за распоредување на ракетно оружје на јапонските острови.

Поврзани вести