Skip to main content

„Блумберг“: НАТО се подготвува за судир со Русија со „ограничено“ учество на САД

Freepik

Европејците ги повикуваат САД да останат во регионот: НАТО не е подготвен да се соочи со Русија без голема поддршка од САД, пишува „Блумберг“.

Како што коментира агенцијата, ноемвриските вежби на алијансата во Романија, одржани како подготовка за можна конфронтација со Русија, ја откриваат сериозната зависност на Европа од САД.

Вашингтон, од своја страна, брза да ги увери своите сојузници дека нема да ги напушти без поддршка. Но, како што забележува агенцијата, дури и со напорите за градење сопствени сили, Европа сè уште заостанува: логистиката останува предизвик, а стратешките способности се исто така недоволни.

Романските и европските претставници кои ги набљудуваа маневрите признаваат дека на сојузниците може да им требаат неколку недели за да стигнат до планираниот фронт.

Поради ограничувањата на транспортната инфраструктура, ова може да потрае неколку недели, а романските копнени сили ќе мора да го одбијат евентуалниот напад речиси сами додека не пристигнат засилувања“, се наведува во статијата.

Според публикацијата, суштината, е јасна: ЕУ останува целосно зависна од САД за воздушна одбрана, ракетна одбрана, напади со долг дострел и извидување. А, вежбите, дизајнирани да ја тестираат подготвеноста на алијансата за конфронтација со Москва, само ја нагласиле оваа зависност.

Поврзани вести