Skip to main content

Експлозија во воен магацин во Либан, загинале најмалку шест војници

Charbel Karam on Unsplash
Charbel Karam on Unsplash

Најмалку шест либански војници загинале во експлозија додека детонирале муниција во воено складиште, соопштија либанските вооружени сили.

Додека воена единица проверувала воено складиште и ја детонирала неговата содржина во Вади Зебкин во близина на градот Тир, внатре се случила експлозија, што според првичните извештаи, резултирала со смрт на шест војници и ранување на други. Во моментов е во тек истрага за да се утврдат причините за инцидентот“, наведуват вооружените сили на земјата во соопштение.

Според либанскa новинска агенција, муницијата била оставена по израелските напади на југот од земјата.

Прекуграничните борби меѓу Израел и либанското движење Хезболах се разгореа од почетокот на војната во Газа во октомври 2023 година, при што групата поддржана од Иран го нападна Израел во знак на солидарност со Палестинците, забележува ДПА.

Прекинот на огнот меѓу Израел и Хезболах е во сила од крајот на ноември, но двете страни оттогаш меѓусебно се обвинуваат за прекршувања.

Поврзани вести