
Едно лице загина во ноќешниот руски напад врз Киев и Киевскиот регион, додека 24 лица се повредени, вклучувајќи и десетгодишно дете, објави началникот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко.
Во шест часот утринава беше потврдено дека бројот на повредени во Киев се зголемил на 24, објави Државната служба за вонредни ситуации, наведувајќи дека повеќе од 40 лица се спасени, објави Укринформ.
Во Киевскиот регион се регистрирани повредени и значителна материјална штета.
Во неколку реони на Била Црква избувнаа пожари во приватни куќи, а се запали и магацин, додека во Обухиво се запали автомобил.
Бројни пожари и штети на згради се регистрирани во самиот Киев.
Урнатини имаше во вкупно осум региони.
Оштетени се станбени згради, медицински установи, нестанбени згради и автомобили, а во неколку случаи избувнаа пожари.
Во Дњепровскиот регион остатоците погодија петкатна зграда, ги оштетија долните катови и предизвикаа пожар во два стана.
Во Деснанскиот регион, имаше и оштетувања на мрежата за топла вода, поради што некои згради привремено останаа без греење.
По нападот следеа експлозии низ целиот град.
Противвоздушната одбрана дејствуваше во неколку наврати, откако претходно беше воведена воздушна тревога низ цела Украина поради полетувањето на руски авион МиГ-31К со ракети Кинжал и голем број беспилотни летала.

Македонски








