Skip to main content

Додека Украина го спречува продолжувањето на испораките на нафта за Унгарија, ќе ги блокираме одлуките на ЕУ кои се важни и корисни за Киев, вели Сијарто

Унгарија ќе го блокира планираниот заем од ЕУ во вредност од 90 милијарди евра за Украина сè додека не продолжи транзитот на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Испораките на руска нафта за Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари откако украинските власти соопштија дека нападот со руски беспилотни летала го оштетил нафтоводот „Дружба“, кој пренесува гориво низ украинската територија до Централна Европа.

Унгарија и Словачка, на кои им е дадено привремено ослободување од европската забрана за увоз на руска нафта, го обвинија Киев за намерно попречување на испораките.

Во видео објавено на социјалните мрежи, министерот за надворешни работи Петер Сијарто ја обвини Украина за „уценување“ на Унгарија со тоа што не го обновува транзитот на нафта. Тој рече дека неговата влада ќе го блокира огромниот бескаматен заем одобрен од ЕУ во декември, кој има за цел да му помогне на Киев да ги покрие своите воени и економски потреби во следните две години.

Нема да се потчиниме на овој притисок. Ние не ја поддржуваме војната на Украина и нема да ја финансираме. Додека Украина го спречува продолжувањето на испораките на нафта за Унгарија, ќе ги блокираме одлуките на Европската Унија кои се важни и корисни за Киев, рече Сијарто.

Одлуката на Будимпешта да го задржи клучното финансирање доаѓа два дена откако Унгарија ги суспендираше испораките на дизел за својот сосед додека не се врати протокот низ гасоводот „Дружба“, и само неколку дена пред четвртата годишнина од почетокот на руската инвазија на врз Украина.

Заемот од 90 милијарди евра за Украина, покрај Унгарија, првишно не го поддржаа и Словачка и Чешка, но на крајот беше постигнат договор дека нема да го блокираат пакетот, во замена за гаранции за заштита од можни финансиски последици.са/

МИА

Поврзани вести