Skip to main content

Деветмина загинати и 17 повредени во руски ракетен напад во Запорожје

Девет лица загинаа, а 17 се повредени во руски ракетен напад вечерва во украинската област Запорожје, соопшти гувернерот на регионот Иван Федоров преку апликацијата „Телеграм“.

Според најновите информации, меѓу повредените се и две деца, додаде гувернерот. Претходно, тој информираше за шестмина повредени.

Нападот предизвика значителни штети на станбени објекти и продавници. Воздушната тревога беше прогласена во 17:32 часот, а експлозиите се случија во 17:58 часот по локално време.

Како резултат на нападот, избувнал пожар во погодената цел, информира гувернерот.

Поврзани вести