Skip to main content

Де факто потврдено распуштањето на УСАИД

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го потврди де факто распуштањето на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) како дел од драстичното намалување на американската странска помош, одлука која е критикувана во многу земји и од голем број хуманитарни организации.

Стејт департментот и УСАИД го известија Конгресот за нивната намера да преземат реорганизација, што ќе вклучи префрлање на одредени функции од УСАИД на Стејт департментот до 1 јули 2025 година и елиминирање на другите функции на УСАИД, кои не се усогласени со приоритетите на администрацијата, изјави државниот секретар Марко Рубио.

Според него „УСАИД одамна се оддалечи од својата првична мисија“ и побара преориентација на програмите за странска помош.

Продолжуваме да спроведуваме критични програми за спасување животи и да правиме стратешки инвестиции, кои ги зајакнуваат нашите партнери и нашата сопствена земја, нагласи Рубио.

Американскиот претседател Доналд Трамп, веднаш по преземањето на функцијата на 20 јануари, потпиша извршна наредба со која се замрзнува американската странска помош на 90 дена. Голем број вработени во УСАИД веќе се отпуштени.

Поврзани вести