
Во својот годишен извештај за проценка на надворешните закани, данската воена разузнавачка служба за првпат ги споменуваа САД како негативен фактор, објавува весникот „Берлингске“.
Во извештајот се наведува дека официјален Вашингтон сега ја користи „својата економска и технолошка моќ како средство за влијание, вклучително и врз сојузниците и партнерите“.
Покрај САД, како закани за безбедноста на Данска се наведени и Русија и Кина.
Шефот на воената разузнавачка служба, Томас Аренкил, во интервју за изданието вели дека во современиот свет „законот на џунглата преовладува повеќе од редот базиран на правила“.
Гледаме дека трите најголеми воени сили – САД, Русија и Кина – секоја на свој начин не го поддржуваат овој светски поредок“, вели Аренкил.
И покрај ова, Аренкил нагласува дека САД се уште се „најсилниот сојузник на Данска и гарант за безбедноста на Европа“.

Македонски







