Skip to main content

Цените на нафтата паднаа на најниско ниво од 2021 година

Freepik

Цената на нафтата „Брент“, глобалниот референтен показател за сурова нафта од Атлантикот, утринава падна на 63,49 долари за барел, што е најниско ниво од април 2021 година. Забележан е пад од околу 3,2 отсто.

Утринава падна и референтната цена на американската нафта West Texas Intermediate (WTI), за 3,58 проценти.

Денешното движење продолжува со минатонеделниот пад, кога по објавувањето на царините на Трамп, цените на „Брент“ паднаа за 10,9 отсто, а цената на WTI падна за 10,6 посто.

Поврзани вести