Skip to main content

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб во Доминиканската Република се искачи на 221

Принтскрин

Бројот на загинати во уривањето на покривот на ноќниот клуб „Џет сет“ во главниот град на Доминиканската Република, Санто Доминго се искачи на најмалку 221, соопштија денеска властите, додека потрагата по исчезнатите продолжува.

Спасувачките тимови извлекоа речиси 200 преживеани од урнатините. Несреќата се случи на 8 април.

Меѓу жртвите е и гувернерката на северозападната провинција Монте Кристи, Нелси Круз, како и сестрата на седумкратниот учесник на Ол-стар тимот на МЛБ, бејзбол-ѕвездата Нелсон Круз.

Директорот на Центарот за вонредни ситуации, Хуан Мануел Мендез изјави дека спасувачките служби речиси целосно го пребарале местото на несреќата и дека останува да се пребара мал дел од клубот.

Поврзани вести