
Кмпанијата „Боинг“ објави дека почнува производството на првиот ловец од шеста генерација Ф-47. Според моменталниот распоред, првиот лет на авионот останува закажан за 2028 година.
Проектот се развива во новиот објект на „Боинг“ во Сент Луис, Мисури. Комплексот се гради на локација што се простира на приближно 64 хектари и е дизајниран да го смести најнапредниот целосно дигитален систем за дизајн и производство во воздухопловната индустрија.
Употребата на дигитална инфраструктура во дизајнот и производството е дел од новиот пристап на „Боинг“ кон забрзување на развојот, намалување на сложеноста на инженерските процеси и подобрување на прецизноста во производството на новиот ловец.

Македонски




