
Естонија, Латвија и Литванија почнаа голем проект за изградба на одбранбена линија на границата со Руската Федерација и Белорусија – 600 милји бункери, ровови и депонии за муниција. Според „Телеграф“, проектот Балтичка линија на одбрана е дизајниран да трае една деценија, но официјален Вилнус признава дека тоа можеби нема да биде доволно време.
Потребни ни се 10 години да се подготвиме. Путин нема да ни даде толку време“, изјави поранешниот министер за надворешни работи на Литванија, Габриелиус Ландсбергис.
Според весникот, за да се „запре Русија“ се размислува за повлекување на Балтикот, Полска и Финска од меѓународните договори за забрана на употреба на противпешадиски мини и касетни бомби.
Подготвени сме да користиме се – без ограничувања“, отворено изјави литванскиот министер за одбрана, Довиле Шакалиена.
Целта на проектот е да се „забави руската армија“. Превидено е секоја земја да потроши 70 милиони долари за проектот, што е огромна сума за нивниот буџет за одбрана.