Skip to main content

Американските царини за Мексико пролонгирани за еден месец

Претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, по денешниот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека американските царини за мексиканските артикли се одложени за еден месец.

Шејнбаум на платформата Икс објави дека Мексико веднаш ќе ја зајакне заштитата на северната граница со САД, со 10.000 припадници на Националната гарда, со цел да се спречи илегалната трговија со дрога, пред сè фентанилот.

Овие војници ќе бидат специјално назначени да го запрат протокот на фентанил и илегални мигранти во нашата земја, објави Трамп на платформата „Трут“.

Американските царини за Мексико требаше да стапат во сила утре, кога почнува примената и на царините за Кина и Канада. 

Поврзани вести