
Новинарката на американската телевизиска мрежа „Њузмакс“, Карла Баб, на социјаните мрежи објави дека американски хеликоптер УХ-60 „Блек хоук“ „можеби бил погоден“ од иранската воздушна одбрана, за време на операцијата за спасување на пилотите на соборениот борбен авион Ф-15 во Иран.

Баб вели дека едниот од пилотите бил спасен, додерка судбината на вториот пилот е непозната.
Таа додава дека за време на акцијата, еден хеликоптер бил погоден од иранската противвоздушна одбрана и со „трага од чад“ успеал да премине од Иран на ирачка територија.

Македонски


