Skip to main content
Анатомија на нападот

Американците изградиле реална копија на резиденцијата на Мадуро на која го вежбале неговото заробување

Пред да биде дадено зелено светло за акцијата во Венецуела во која беше заробен венуцуелскиот претседател Николас Мадуро, американските специјални сили изградиле точна копија од резиденцијата на Мадуро во која специјалците го вежбале неговото заробување. Тоа не е ексцентричност, туку стандардна оперативна процедура за единиците за специјални операции “Делта форсе“, усовршена за време на елиминацијата на Осама бин Ладен.

Станува збор за операцијата „Нептуново копје“, кога во 2011 година, пред операцијата во Аботабад, во САД беше изградена копија во целосна големина од имотот на Бин Ладен (Харви Поинт).

Тоа е направено затоа што пилотите на хеликоптерите „Блекхок“, употребени во акцијата, требало да разберат како ќе се менуваат воздушните струи од пропелерите во високите ѕидови на дворот. Резултат на таквата подготовка беше тоа што припадниците на „Сил тимот 6“ ја исчистија куќата „со затворени очи“, знаејќи го секој праг и насоката на отворање на секоја врата.

Сличен потег е изведен и при заробувањето на Мадуро.

За такво нешто е извршено архитектонско извидување: Користејќи сателитски снимки и HUMINT (човечка интелигенција), не се реконструираат само ѕидовите, туку и текстурите на површината, сè до големината на вратите и поставеноста на мебелот.

Ваквата изградба на копија од куќата на Николас Мадуро укажува дека планирањето на операциите достигнало ниво на целосен профил на мисија (FMP).

Ваквата детална подговка за акцијата има голем позитивен психолошки аспект за специјалците. Кога некој од нив ќе влезе во вистинската зграда низ која „прошетал“ 1000 пати на полигон за обука, неговото когнитивно оптоварување се намалува. Стравот и неизвесноста ги заменува мускулна меморија.

Сето тоа покажува дека американките специјални сили на операцијата и простапиле со вистински професионализам – воена акција како математика и инженерство. Акцијата е изведена не со „херојски скок во празнината“, туку со здодевна, скапа и ултра-прецизна подготовка. Градењето реплика на целниот објект е врв на разузнавачката и логистичката интеракција.

Најверојатно, оваа копија била изградена во близина на базата Рузвелт Роудс во Порторико, каде што инженерските работи и обуката на специјалните сили се одвиваа во текот на целата есен.

Поврзани вести