Skip to main content

Жичницата на Водно не работи поради силниот ветар

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека жичницата на Водно нема да биде во функција поради најавата од УХМР за засилен ветер.

Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно.

Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците, се наведива во соопштението.

Поврзани вести