Skip to main content

Премиерот Мицкоски со министрите Перински и Николоски ќе извршат увид на градежни активности во Ѓорче Петров

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски заедно со вицепремиерот и министерот за транспорт Александар Николоски и министерот за локална самоуправа Златко Перински, во рамки на „Каде што срцето е дома“ денеска ќе ја посетат општина Ѓорче Петров.

Како што информираат од Министерството за локална самоуправа, министрите и премиерот ќе извршат увид на градежните активности на еден од седумте проекти кои Општината ги реализира со средства одобрени од првиот јавен повик за поддршка на инфраструктурни општински проекти. 

Поврзани вести