Skip to main content

Орце Ѓорѓиевски по изборната победа: Ќе се борам за подобро Скопје

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со работа за подобрување на состојбите во главниот град.

Веднаш по земањето на уверението, ветувам дека ќе се борам да ги поправиме состојбите. Дозволете ми да се заблагодарам на мојата најсилна поддршка претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Се собираа, се групираа, правеа јавни и тајни коалиции, но Скопје покажа дека е вистински обединет град и денеска ги поразивме сите. Бидејќи имаше и ниски удари, и удари под појас, сакам да се заблагодарам на моето семејство, рече Ѓорѓиевски во своето обраќање пред поддржувачите.

Според официјалните резултати на ДИК од досега пребројаните 98,69% Орце Ѓорѓиевски освои 94.241 гласови наспротио неговиот кандидат од Левица Амр Мециновиќ со 60.032 гласови.

Поврзани вести