Skip to main content

Објавено видео од инцидентот на Данела Арсовска при увид на локација во Чаир

На социјалните мрежи е објавено видео од случувањата од инцидентот во Чаир во кој учествувала градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, додека била на увид на терен.

На видеото се гледа Арсовска во вербална расправија со едно лице. Кога тој, потоа и се приближува на Арсовска, на лице место доаѓаат припадници на полицијата, коишто веднаш реагираат и го одведуваат човекот.

Во реакцијата на полицијата се приведени две лица, кои се однесени во полициска станица.

Во врска со настанот во кој што е пријавено дека градоначалничката на Град Скопје била физички нападната, од страна на полициски службеници од СВР Скопје обезбедени се две лица кои во моментов се во Полициска станица со кои се обавува службен разговор“, соопштија од МВР.

Од полицијата информираат дека по инцидентот Арсовска не сакала да поднесе официјална пријава за случувањето.

На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.Кумбара физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ „8 Септември за укажување лекарска помош“, велат од МВР.

За случката, со коментар излезе и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој изјави дека во инцидентот при увид на локација во скопската општина Чаир, врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска имало физички контакт, но, дека е лага и обид за манипулација на јавноста тврдењето оти тоа се случувало пред припадници на полицијата.

Тошковски, во интевју за Телма, објасни дека Министерството за внатрешни работи постапило во два случаи и дека се отворени дисциплински постапки против полициски службеници за случаи кои ги пријавила Арсовска, но истакна дека таа и покрај тоа што била повикувана во полиција да пријави одбивала да доаѓа, а во исто време објавувала на социјалните медиуми. 

Поврзани вести