Skip to main content

Муамер Сефери од „Вреди“ е нов в.д директор на „Паркови и зеленило“

Муамер Сефери од „Вреди“ е нов в.д директор на „Паркови и зеленило“

Сефери доаѓа на директорската позиција како кадар на коалицијата „Вреди“, односно од движењето БЕСА.

Тој самиот ја потврди информацијата преку објава на социјалните мрежи, нагласувајќи дека оваа позиција за него претставува „голема доверба и сериозна обврска“.

„Со висока чест и одговорност, денес ја презедов должноста в.д. директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“. Оваа функција претставува голема доверба и сериозна обврска да работам со посветеност, транспарентност и професионализам во служба на граѓаните и јавниот интерес. Убеден сум дека преку чесна работа, ефикасно менаџирање и институционална соработка, ќе постигнеме конкретни резултати во подобрувањето на зелените површини и јавните услуги“, порачува Сефери.

Поврзани вести