Skip to main content

Мирисот на чад во Скопје е од пожарот кај селото Грачани

ДЗС

По реакциите на граѓаните дека во делови на Скопје мириса на чад, а во некои општини миризбата е дури неподнослива, со одговор се јави Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Тој појаснува дека на територијата на Град Скопје има само еден активен пожар на отворен простор, кој пред два дена од косовска страна навлезе на македонска страна кај селото Грачани, општина Ѓорче Петров, па чадот и миризбата доаѓаат оттаму.

Синоќа ветрот дуваше во насока на Скопје и чадот од пожарот кој е активен и на косовска и на македонска територија, можеше да се почувствува над неколку скопски населби. Тоа е истиот оној чад кој сите ние кои работиме на гаснење на пожари на отворен простор го вдишуваме секојдневно, од непосредна близина, во неспоредливо поголема концетрација, изјави Ангелов.

Според Ангелов, скопските пожарникари во текот на целата ноќ биле на делови од линијата на пожарот, но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта било отежнато или невозможно.

Пожарот не загрозува населени места, горат пред се трева, грмушки и ниски смреки кои создаваат силен пламен и уште посилен чад. На некои места пожарот се движи ниско по земја низ мешовита шума. Во среда покрај скопските пожарникари во гаснењето учествуваа и два ер трактори на ДЗС за што уредно известивме од лице место. Вчера (четврток) еден македонски полициски хеликоптер помогна на косовските противпожарни служби гаснејки од косовска страна каде пожарот беше поинтезивен бидејки се работи за ист пожар кој е активен од двете страни на границата. Скопските пожарникари гаснеа од македонска страна, вели Ангелов.

Директорот додава дека утрово продолжуваат со гаснење со засилен број на пожарникари, а воздушна подршка ќе им дадат два ер трактори на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер.

Поврзани вести