Skip to main content

Лукровски: Ќе спроведеме целосна ревизија на сите урбанистички планови во Карпош

Нашата цел е развојот на Карпош да биде зелен, паметен и одржлив. Ќе спроведеме целосна ревизија на сите урбанистички планови, со активно вклучување на експерти и граѓани. За таа цел ќе се формира јавно претпријатие „Карпош План“, кое ќе ја води ревизијата и ќе ги спроведува урбанистичките политики на професионален, транспарентен и независен начин, вели Сотир Лукровски.

Сите одлуки ќе се темелат на стручни и законски критериуми, со приоритетна заштита на зеленилото, инфраструктурата и квалитетот на животот на жителите. Инспекциските служби ќе имаат јасна задача да ги контролираат сите градби, а секој проект што не ги исполнува стандардите ќе биде стопиран.

Карпош не треба да се дави во бетон – треба да расте хармонично со природата. Со конкретни мерки, транспарентни процедури и силна граѓанска контрола ќе обезбедиме развој кој е одржлив, уреден и во вистински интерес на сите жители.

Поврзани вести