Skip to main content

Култната фонтана „Лотос“ повторно го добива својот сјај!

Се средува култната фонтана „Лотос” во Градскиот парк. Ова го уверува градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој објави видео каде се кажува дека фонтаната повторно го добива својот сјај.

Култната фонтана „ЛОТОС“ повторно го добива својот сјај!

Започнавме со целосна реконструкција на фонтаната „Лотос“, сместена на влезот од Градскиот парк, место што со децении претставува препознатлив белег и гордост на Скопје, но и место кое долги години беше запуштено.

Паралелно со обновата на фонтаната, се уредува и плоштадот околу неа, се поставува нова урбана опрема и современо осветлување, со што просторот добива нов, модерен и достоинствен лик.

Ова култно катче, еден од најистакнатите и најпрепознатливи симболи на градот, повторно ќе стане место на средби, прошетки и споделени моменти, ќе биде простор каде генерации скопјани ќе се собираат, ќе создаваат спомени и ќе уживаат во убавината на јавниот простор, онака како што Скопје заслужува.

Скопје го правиме заедно. По скопски!

Започната е целосна реконструкција на фонтаната, место што со децении претставува препознатлив белег и симбол на Скопје, но кое за жал со години беше запуштено. Со проектот е предвидена целосна обнова на фонтаната, како и уредување на плоштадот околу неа.