Skip to main content

Катерина Костова е назначена за в.д. директорска на скопската Зоолошка градина

Зоолошка градина

Катерина Костова е назначена за в.д. директорка на Зоолошката градина, објави порталот „Скопје1“ .

Вработени во Зоолошката градина за „Скопје1“ брифираат дека Костова е дел од установата повеќе од шест-седум години. Последно, таа била и лице задолжено за пристап до информации од јавен карактер.

Претходно, во јавноста имаше шпекулации дека за директор ќе биде поставен Стефан Ќирков.

Зоолошката градина во изминатите години беше често мета на критики, поради угинувањето на жирафата, слонот, ламата, мајмунот од расата патас. Во 2023 година, Зоолошката градина го изгуби и кандидатскиот статус за членство во Европската асоцијација на зоолошки градини. Тогаш, неофицијално, како причина беше неведено дека е прекинот на комуникацијата со ЕАЗА во изминатиот период, 2-годишна стагнација на Зоолошката, неизградениот аквариум и честото менување директори.

Поврзани вести