Skip to main content

Јанчев: Кавадарци оди кон повисоко ниво, изградивме 5 нови спортски сали, а ски-центарот Михајлово е од клучно значење за  спорт и рекреација на жителите 

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање  на панел дискусијата со градоначалниците имаше Митко Јанчев градоначалник на општина Кавадарци, кој истакна дека Кавадарци е општина која е урбана зелена и безбедна, воедно дека е обезбеден бесплатен оброк за секое дете од прво до петто одделение, со организирани средни училишта, обезбеден  јавен превоз и паркинг, како и дека се вложува во зеленилото, со што од депониите се направени нови паркови, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ кое што МИА го пренесува интегрално.

„Успеавме општината да ја доближиме до самите граѓани, Кавадарци стана урбан град, зелен град, безбеден град каде што младите имаат што да творат, успеавме да немаме дете коешто чека за во градинка, капацитетот ни е над 1500 дечиња во градинка од само 500 претходно, во основните училишта имаме бесплатен оброк од прво до петто одделение, средни училишта прекрасни, организиран јавен превоз, организирано паркиралиште, комплетен град. Во делот на зеленилото имаме подигнато над 200 илјади метри квадратни ново зеленило, нови 2 паркови кои од депонии се направени  нови паркови, автоматско наводнување и можам да кажам дека јавните претпријатија се слуги на граѓаните, достапни до самите граѓани“, вели Јанчев.

Јанчев истакна дека се вложува во спортската инфраструктура со нови спортски сали, притоа потенцирајќи го ски-центарот Михајлово како проект од клучно значење за рекреација и спортување, притоа наведувајќи дека следат многу други капитални проекти.

„Кавадарци расте на едно повисоко ниво, има 5 спортски сали изградено во последните 4 години, тоа дава за право нашите деца правилно се развиваат. Ски центарот „Михајлово“ кој се направи за 7 месеци , каде секој има достапност каде може секој да се рекреира и спортува, тука ни е отворен базен, затворен базен,  трговски центар  и морам да ги споменам и капиталните проекти кои се отпочнати и ќе следат, обиколницата на град Кавадарци, долгоочекуваниот проект граничниот премин Пулевац и со тоа Кавадарци ќе успее да има големо ниво на развој и економски и во делот на туризмот“, рече Јанчев.

Поврзани вести