
Видеоматеријалот објавен денес јасно ја документира состојбата на терен во Чучер Сандево: пречистителната станица во општината не работи, а нашите води остануваат загадени, со директни последици врз здравјето на граѓаните и животната средина, истакна кандидатот за градоаначалник на Општината, Зоран Бајовски.
Тој истакнува дека жителите на селата и викенд населбите го чувствуваат резултатот на запоставеноста на ваквите важни инфраструктурни проекти — непријатна миризба, потенцијално загадување на бунарите и ризик за земјоделските култури што го одржуваат локалниот стандард.
Проблемот не е нов: очекувањата за функционална пречистителна станица беа дел од ветувањата што ги слушавме во претходните изборни циклуси, но реалната интервенција изостана со години.
Незавршени реконструкции и неодговорно одржување, граѓаните бараат итна ревизија на проектната документација и брза анализа на причините за нефункционирањето.
Кандидатот за градоначалник, Зоран Бајовски нагласува дека решението за овој проблем бара координирана акција на три нивоа: локална власт, Град Скопје и централна владина поддршка за финансирање и обезбедување на експертски капацитети.
Во јавниот дел од програмата што го промовира политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се предлагаат конкретни чекори: објавување јавно на извештајот за техничката состојба, формирање работна група со независни експерти, јасен временски план за рехабилитација и механизам за надзор на трошоците.
Не дозволуваме повеќе изговори — пречистителната станица ќе биде репарирана и функционална, финансирањето ќе биде обезбедено, а процесот ќе биде транспарентен, затоа што нашите сограѓани заслужуваат чиста вода и безбедна околина“, изјави кандидатот за градоначалник Бајовски.
Здравјето и водоснабдувањето се меѓу највисоко рангираните приоритети меѓу жителите во Чучер Сандево, а гласачите ќе ја увидат разликата меѓу ветувањата и реализацијата на координираните проекти со Град Скопје и Владата.
Од сегашната локална власт до овој момент нема конкретна временска рамка за решавање на проблемот, туку само празни ветувања, што ја продлабочува недовербата меѓу граѓаните на општина Чучер Сандево – се бара отчетност и промена, нагласува Бајовски.