Skip to main content

Запрена истрагата за 6 полициски службеници осомничени за пожарот во „Пулс“

За шест полициски службеници и началници е запрена истрагата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани за што беа осомничени за дело „предизвикување општа опасност“ со смртни последици, објавува Телма телевизија.

Како што објавува телевизијата, Обвинителството сметало дека овие полициски службеници може да се гонат за друго кривично дело односно за злоупотреба на службена положба, бидејќи нивните овластувања не биле за проверка на противпожарни мерки туку за проверка на сообраќајна безбедност на објект и постоење на доволно паркинг места за кабарето „Пулс“.

При истрагата, утврдено е дека ослободените полициски службеници изготвиле согласност за објектот, но според Законот за угостителска дејност „произлегува дека дека во конкретниот случај, тие требало да извршат проверки само во делот дали биле исполнети условите за заштита на јавен ред и мир и безбедноста во сообраќајот“, стои во одлуката на обвинителот кој ја спроведуваше истрагата.

Од ОЈО ГОКК денеска најавија дека информации за случајот ќе соопштат во текот на утрешниот ден.

Поврзани вести