
Коалицијата „Вреди“ најави мораториум на сите јавни политички активности на партиите што ја сочинуваат и соопшти дека отсега ќе делува како еден политички субјект.
Претседателството кое вечерва ја одржа првата средба, е првиот заеднички орган на Вреди.
Како што изјави лидерот на Движењето Беса, Биљал Касами, на следните средби на Вреди ќе бидат конституирани и другите органи на раководството.
Претседателството на Влен е првиот заеднички орган на Влен. Од сега натаму Влен најавува мораторум на јавни политички активности на партиите што го сочинуваат и од сега натаму се ќе биде под името и логото на Влен. На следните средби Влен ќе ги конституира и другите органи на раководството како штабовите, локалните и централниот изборен штаб, истакна Касами.
Тој напомена и дека парламентарната група на Вреди ќе продолжи со пратениците што ќе ја поддржат.
Првата средба на претседателството на Вреди се одржа во просториите на „Алтернатива“ во Скопје и на неа, покрај Касами, присуствуваа и Изет Меџити од Демократско движење, Зеќирија Ибрахими од Алтернатива и независниот пратеник од Самоопределување Беким Ќоку.
Пред средбата Меџити уште еднаш рече дека Владата е стабилна и дека нема потреба од предвремени парламентарни избори. Интензивно течат, дополни, подготовките за локалните избори во октомври на кои Вреди, освен со партиски, ќе настапи и со независни кандидати за советници или градоначалници, граѓани кои се професионалци во својата област.