
аконот за „Безбеден град“ е еден од клучните системски закони донесени во Македонија, чија суштина не е казнувањето, туку заштитата на човечкиот живот и безбедноста на јавниот простор. Наместо фокус на камери и санкции, законот создава услови секој граѓанин да се движи слободно и без страв – без ризик по сопствениот живот поради туѓа неодговорност.
„Безбеден град“ значи побезбедни улици за пешаците, велосипедистите, корисниците на електрични тротинети и лицата со попреченост. Тоа значи мајка што може мирно да се движи со своето дете, граѓанин што нема да го загуби животот поради сообраќаен хаос и јавен простор што конечно им служи на луѓето, а не на несовесното однесување, се вели во соопштението на Коалицијата ВРЕДИ.
Законот директно е насочен кон намалување на смртоносните сообраќајни несреќи и унапредување на безбедноста на патиштата – особено на автопатите, регионалните сообраќајници и градските булевари, каде ризикот е секојдневен и реален. „Безбеден град“ претставува современа алатка за управување со јавната безбедност, усогласена со европските стандарди и модерните безбедносни практики.
Современите европски градови одамна применуваат интегрирани системи за следење и брз институционален одговор, токму затоа што тие ја зголемуваат безбедноста, го намалуваат просторот за прекршоци и ја зголемуваат ефикасноста и професионалноста на институциите. „Безбеден град“ е чекор токму во таа насока – кон функционална држава што работи во интерес на граѓаните.
Во однос на имплементацијата, од ВРЕДИ потенцираат дека толеранциите на камерите ќе бидат идентични со оние што веќе се применуваат кај полициските радари – 6 км/ч за брзини до 100 км/ч и 8 км/ч за брзини над 100 км/ч. Ова, како што нагласуваат, јасно покажува дека целта не е репресија, туку превенција на прекршоци што директно ги загрозуваат животите. Толеранцијата се однесува исклучиво на помали прекршоци и не важи за кривични сообраќајни дела.
Пораката на ВРЕДИ е јасна: правилата постојат за да се почитуваат и да го штитат животот. Безбедноста не е казна, туку колективна одговорност. „Безбеден град“ е закон за побезбедно, поуредно и похумано општество, се наведува во соопштението.

Македонски




