Skip to main content

Во тек се финалните подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Во тек се финалните подготовки како системско уредување и опремување на просторот со социјални и едукативни содржини, со цел да се обезбедат оптимални услови за третман и целосно опоравување на повредените од Кочани, покажува увидот на портпаролката на Владата, Марија Митева и на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, кои денеска беа во посета на одморалиштето на Пониква, кое наскоро ќе биде ставено во функција како рехабилитациски центар за повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. 

-Денеска во рамки на посетата на општина Кочани заедно со Миле направивме обиколка на одморалиштето на Пониква. Навистина можам да кажам дека финалните подготовки се во тек. Очекуваме веќе следната недела сите активности кои што се потребни да бидат завршени сѐ со цел да обезбедиме максимално добра грижа за оние кои ќе ја посетуваат оваа рехабилитација. Целта е да дадеме максимална поддршка се со цел да обезбедиме максимално добри услови за сите повредени, рече Митева, пренесуваат од Центарот за комуникација на ВМРО-ДПМНЕ.

Лефков додава дека се преземаат финални подготовки за уредување на просторот, вклучувајќи дезинфекција, поставување комарници и хуманизација преку социјални активности и едукативни материјали.

-Направивме увид и гледаме дека е потребно да се преземат уште неколку чекори за да биде финализирано и завршено. Денеска во текот на денот ќе следи дезинфекција, дератизација и дезинскекција на целиот простор поставување на потребни комарници а ќе се обидеме во вторник да направиме една акција за конечна хуманизација на просторот, уредување со социјални игри, книги, учебници и некои други помагала кои што ќе го направат престојот уште попријатен, истакна Лефков.

Одморалиштето на МВР е сместено на Пониква на над 1600 метри надморска висина и ќе биде отстапено на Министерството за здравство за третман и лекување на повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Поврзани вести